За Шварцман, Ф1 останува приоритет

Роберт Шварцман изјави дека сеуште му е главен приоритет да обезбеди место на Формула 1 гридот. 

Русинот кој вози со израелска лиценца имаше тест во Формула Е во Берлин, но и покрај тоа, тој останува резервен возач на Ферари. 

Мојот приоритет е Формула 1, но За сега сум фокусиран на позицијата резервен возач. Во исто време се подготвувам за ВЕЦ и тоа е уште еден мој сон, Но Формула 1 има посебно место и доколку ме повикаат јас ќе бидам подготвен. 

Уште еден руски возач возеше во Берлин и тоа Даниил Квјат кој вози со италијанска лиценца. 

Да, Формула Е е шансата за нашата иднина. Јас сум возач на Ламборџини и сметам дека можам да возам добро во двете серии – посочи дани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ