Згаснува компанијата промотер на Француското ГП

Формула 1 никогаш немала голема љубов кон автодромот Пол Рикар, но патеката доби долг договор само благодарение на Берни Еклстон затоа што истата е сопственост на неговата сопруга.

По обавувањето на календарот за следната година стана јасно дека овогодинешното Француско Гранд При е последна трка во земјата. Кристијан Естроси, Претседателот и Ерик Булие, оперативниот директор, направија се што можат за да го спасат настанот кој едвај го вратија на гридо во 2018 година по 10-годишно отсуство.

Неделава, за време на генералното собрание одржано на Пол Рикар, се потврди крајот на компанијата ГИП (Grand Prix de France), наменски основано друштво задолжено за промоција на настанот.

ова е крај на една убава приказна – посочи булие.

штета што настанот ќе згасне и покрај се што направивме за истиот да продолжи, а последното издание на трката беше совршено. пет години јужниот регион беше назад во формула 1 календарот и дозволи на франција да биде дел од најсилната моторспорт тркачка серија во светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ