Зек Браун: Макс и Кими не би добиле суперлиценца со овој систем

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, смета дека правилото за суперлиценца на ФИА треба да биде ревидирано откако Федерацијата не му даде дозвола за Формула 1 трка на Колтон Херта затоа што немаше доволен број поени од минатото.

Ред Бул најавија дека би го пуштиле Пјер Гасли во Алпин само доколку го донесат Колтон Херта за негова замена во АлфаТаури, но тоа нем да се случи затоа што американецот има 32 поени на својата суперлиценца, а за да се квалификува за Формула 1 му требаат минимум 40 поени.

Доктор Хелмут Марко беше лут што сеудмкратен победник на Индикар трки не е доволно добар а Формула 1, така што се откажа од неговите услуги. Мекларен имаат договор за тестриање со Колтон кој одработе тест за нив на Портимао годинава, е исто така незадоволен од поените кои Индикар ги носи. Формула 2 шампионат и Индикар титула носат исто поени, но поените кои ги освојуваат оние по прволасираниот се далеку помали во американската серија.

мислам дека системот на лиценцирање треба да биде ревидиран. знам дека правилата се такви со некоја причина и дека не треба дасе прекршуваат, но мислам дека треба да се променат затоа што не се исправни. некој од калибарот на колтон или пато или половина од индикар гридот се доволно добри за формула 1.

ако некој како колтон кој има доста индикар победи зад себе не е доволно добар за суперлиценца, мислам дека системот треба добро да се ревидира – посочи американецот браун.

Зек посочи дека актуелниот првак Макс Верстапен како и последниот шампион на Ферари, Кими Раиконен, кои влегоа во Формула 1 како многу млади без Формула 2 трки или некоја слична серија, со овој систем не би се квалификувале за суперлиценца.

мислам дека макс немаше да добие суперлиценца со овој систем, а исто и кии раиконен. ако се вратиме и ги анализираме минатите години, тие двајца станаа шампиони, а со денешните правила не би можеле да возат во формула 1.

Мекларен, кои имаат тест договор со Херта, му дозволиле да тестира за Алпин на Хунгароринг неделава која е пред нас за да добие на искуство, но откако Ред Бул се откажале од намерата да го донесат, тестот се откажал. Сепак, Колтон може да добие шанса во Мекларен на петочен тренинг затоа што тимот сеуште не го испочитувал правилото да додели две петочни сесии на млади возачи.

Поради тоа што следнито возач на Мекларен, Оскар Пиастри, сеуште има договор со Алпин и така ќе остане до крајот на оваа сезона, се очекува Мекларен да додели петочни тренинзи на Херта или пак Пато О’Вард или ланскиот првак Палу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ