Зек Браун: Не им ветуваме ништо на Палу и О’Вард

Алекс Палу и Пато О’Вард се резервисти во Мекларен за претсојната сезона, но шефот Зек Браун посочува дека ништо не им било ветено за во иднина.

По недоразбирањата помеѓу Мекларен и Чип Ганаси околу услугите на Палу лани, возачот, патем Индикар првак од 2021 година, ќе вози за Чип Ганаси, а ќе биде резервист и тестер во Мекларен за сезоната која претстои. Како првак во Индикар од 2021 година, тој имаше доволно поени да вози во Формула 1, што не беше случај со Пато кој беше блиску до АлфаТаури, но немаше доволно поени на својата суперлиценца.

објавивме дека алекс е наш резервист затоа што има доволно поени на суперлиценцата. тој ќе продолжи да тестира со нас, исто како и пато, кој нема доволно поени на својаа лиценца. се надевам дека на крајот на сезоната и тој ќе обезбеди се што треба за да има можност да се најде на гридот.

формула 1 се движи брзо и многу работи се случуваат. да се има двајца индикар возач со суперлиценци е импресивно, тоа ни дава длабочина на возачите и се е можно – посочи американецот.

Во однос на Индикар, американецот објасни какви се нивните планови кои имаат цел титула.

дефинитивно сакаме да бидеме во топ 3 и да се бориме за титула. сакаме да имаме подготвени болиди за победи, но серијата е многу конкурентна и многу тешка.

во пресрет на ланското финале на лагуна сека, пет болиди имаа можност за титула, така што лесно е да назадувате за една лоша трка, а во формула 1 не е така. веќе 17 години во индикар титулата се решава во последната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ