Зек Браун: Норис и Перез не се ривали

Извршниот шеф на Мекларен, Зек Браун, не смета дека Ландо Норис и Серхио Перез се ривали и покрај тоа што неколку пати годинава имаа опасни дуели на патеката.

Двајцата жестокот се трка во Австрија сезонава, по што младиот британец доби казна од пет секунди поради истуркување на мексиканецот од патеката. Тандемот исто така имаше контакт и на Зандворт откако Чеко оптимистички се обиде да мине од надворешната страна на Тарзан.

Покрај жестоките дуели, Зек не верува дека тие константно ќе бидат ривали.

мислам дека ландо нема ривалство со чеко, мислам дека имаа неколку дуели, но ако ме прашате кој му е ривал на ландо, не би одговорил чеко. мислам дека имаа тркачки инциденти, но не сум зборувал со норис за истите. не сметам дека се создава ривалитет – изјави браун за ESPN.

Перформансите на двајцата возачи често ги ставаат блиску еден до друг на патеката, но улогата им е различна, Ландо се бори за да напредне кон врвот, додека Чеко се мачи да остане таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ