Зек Браун предвидува одлична Ф1 по 2022

Главниот извршен директор на Мекларен, американецот Зек Браун, предвидува одлична ера за Формула 1 по ресетирањето на правилата во 2022 година и смета дека секоја екипа ќе стане сериозен кандидат за добар пласман.

За надминување на кризата предизвикана од пандемијата, Формула 1 шефовите заедно со челниците на спортот и ФИА, донесоа одлука да се одложат новите правила кои првично беа закажани за 2021 година, но да остане на сила задолжителното ограничување на трошењето од 145 милиони долари.

на крајот на денот, наша цел е да го стигнеме водечкиот, а веќе некое време тоа е мерцедес. секако дека сме охрабрени што се тркаме со ферари, затоа што веќе некое време тоа не е случај. мислам дека во 2022 година ќе биде ресетирање за сите на гридот и тоа ќе биде огромна можност за добар резултат за сите екипи.

така, рено ќе бидат многу силни, рејсинг поинт се многу силни, а згора на тоа имаат и четирикратен првак во болидот.

додека работиме на тоа да ги фатиме двете екипи пред нас, мораме да внимаваме во исто време да не не стигнат оние од зад нас, така што конкуренцијат ќе биде голема, особено по стапувањен а сила на буџетското ограничување. сите ќе почнат “од нула“ и мислам дека тоа значи неверојатно интересна формула 1 во периодот кој следува – најави браун.

Американецот верува дека мерките за намалување на трошењето ќе го згуснат поредокот и доминацијата на неколку екипи.

изедначувањето на трошењето може да се искористи за да се намали заостатокот ад оние пред нас, но и оние зад нас ќе сакаат да го направат истото, да не стигнат.

во иднина ќе имаме спорт во кој повеќе од половина од екипите ќе оперираат со сличен буџет, а тоа ветува многу. ништо нема да се промени во однос на тоа кој ќе стане првак, но конкуренцијата ќе биде поголема.

се надевам дека мекларен ќе биде дел од 4-5 екипи кои ќе може да освојат титула, но сите останати ќе имаат шанса да победуваат и да дојдат до подиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ