Зек Браун предупредува: Четири екипи се пред колапс

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, предупреди дека некои екипип од гридот може едноставно да исчезнат во екот на пандемијата со корона вирусот доколку не се менаџирани на соодветен начин. Во моментов со оглед на бројот на откажаните трки кој расне, екипите се во финансиски потешкотии затоа што секако дека им е намален приходот од Формула 1.

Целата светска економија е во криза, а секако дека не се имуни нити Формула 1 спонзорите кои се движечка сила на екипите, секако по приходите од Либерти Медиа. Зек Браун смета дека одговорните во спортот треба дополнително да го намалат односно ограничат трошењето за следната година затоа што предупреди дека доколку некои екипи западнат во криза, нема да има нити потенцијални купуваи за нив со оглед на финансиската состојба во светот.

може да се наоѓаме пред потенцијално очајно сценарио, а доколку истото се заканува на некои екипи, а мислам дека во моментов повеќе од две се во криза, тогаш целата Формула 1 е загрозена.

гледам што се случува во светот и доколку не успееме агресивно да ја нападнеме кризата, тогаш барем две екипи нема повеќе да бидат на гридот всушност, ако сум поисрен, мислам четири екипи може повеќе да не бидат на гридот доколку не се менаџирани на соодветен начин.

со оглед на тоа колку долго треба да се создаде формула 1 екипа и со оглед на економската и здравствена криза во која се наоѓаме, да се помисли дека ќе има заинтересирани купувачи за екипите кои се во криза како што било порано не е логично. мислам дека формула 1 е во многу кршлива ситуација во моментов- најави браун.

Во свое интервју дадено за британски ВВС, Зек потенцираше дека. спортот може да преживее губење на една екипа, но се повеќе од тоа ќе биде многу тешко да се преболи.

во моментов имаме 10 екипи и 20 болиди на гридот, но пред не така долго време имавме 18 болиди и само 9 екипи додека траеше финансиската криза. мислам дека тоа е лимитот и смееме да дозволиме губење и исчезнување на екипа. две екипи се веќе црвена зона и голем и неиздржлив проблем за спорот.

Браун најави дека екипите веќе начелно се согласиле да го намалат лимитот на трошење од првично предвидените 175 милиони долари на 150 милиони долари, но големите играчи во тој случај би биле најпогодени.

за 150 милиони долари имавме силно мнозинство вклучително е една голема екипа која сакаше да се намали трошењето во тој ранг. ако не бидеме доволно агресивни со буџетското ограничување и некои мислат дека ќе може прекумерно да трошат годинава и потоа да се вратат на пропишаното ниво се лажат. мислам дека никој во формула 1 не е дојден само за да врти кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ