Зек Браун: Ред Бул беше тешка средина за Саинз

Првиот човек на Мекларен, Зек Браун, смета дека Ред Бул била тешка средина која не му одговарала на Карлос Саинз.

25-годишниот шпанец влезе во спортот благодарение на Академијата за млади возачи на Ред Бул кои го сместија во Торо Росо од 2017 година до 2017 година пред да мина во Рено каде комплетираше повеќе од една цела сезона, а на крајот на 2018 година замина во Мекларен.

карлос е одличен кај нас. мислам дека имаше едногодишни договори со ред бул и торо росо. јасно е дека ред бул е фантастична екипа, но знаат да бидат многу тешко кон возачите.

карлос е возач на кого му треба да знае дека тимот ќе го поддржи и дека следната трка нема да биде последна за него. таква атмосфера не создаваа во ред бул и тоа му штетеше – смета браун.

Зек е задоволен и од другиот возач на тимот, ланскиот дебитант Ландо Норис.

ландо беше ризик за нас затоа што беше најмлад британски возач во историјата на спортот. но, од првит етренинг сесии одработени за нас беше импресивен. дури се тркаше и на 24 часа дајтон со фернандо алонсо и започнаа дебата кој е побрз.

ландо го прифати предизвикот, но знаев дека е подготвен штом почна да вози за нас. беше релаксиран уште кога го гледав на формула рено трките. мирен е и веднаш знае што е потребно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ