Зек Браун со пофалби за Марко поради Хонда

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, одбива да каже дали жали што предвреме го раскинаа договорот со Хонда откако беа всушност фабричка екипа на јапонскиот производител.

По три очајни години заедничка работа по враќањето на Хонда во Формула 1 во 2015 година, во Вокинг решија да ја прекинат предвреме соработката и да почнат да користат мотори на Рено последните две години.

Сезонава Мекларен има значителен напредок и во моментов се најдобри од останатите, но Ред Бул и нивниот јуниорски Торо Росо минаа на агрегати од Хонда, нешто што се покажа за одличен потег на менаџментот во Милтон Кинс.

пред се сакам да им честитам на хонда затоа што беше фантастично тоа што решија да останат во спортот. мислам дека мора да му се честита на хелмут марко што донесе одлична стратешка одлука прво да ја донесе хонда во неговата б екипа, нешто што одлично се покажа, а потоа производителот дојде и во а екипата.

марко заедно со двајцата свои команданти, кристијан хорнер и франц тост, кои ги водат тие екипи, почнаа да победуват на трки и тоа е одлично за спортот – смета зек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ