Зек Браун: Ф1 мора да го прифати стилот на Нетфликс

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, смета дека Формула 1 треба да е среќна и да го прифати стилот на прикажување на вистината од страна на Drive to survive серијата на Нетфликс, иако некои фанови може да се незадоволни од тоа што го гледаат.

Последната сезона ги подели на фановите, некои беа воодушевени од она што го гледаат и среќни што ја гледаат Формула 1 од внатре, додека на некои не им се допадна. На многумина не им се допаднаа монтираните радио коментари кои на моменти ги покажува Карлос Саинз и Ландо Норис како непријатели.

Но и покрај критиките, Браун смета дека Формула 1 мора да разбере дека Нетфликс носи огромна корист за тркчакта серија, што и веќе се докажа.

мислам дека нетфликс е фантастичен за формула 1, дефинитивно нашата серија е број еден таму. мислам дека беше најгледана во 25 земји, а секако дека тоа е прва цел на нетфликс, да ги забавуваат гледачите што е фантастично – смета американецот.

Тој смета дека начинот на кој Нетфликс се однесува кон Формула 1 е карактеристичен за американците кои секогаш ја ставаат забавата пред потребата она што се гледа да бидеа реално.

погледнете го филмот топ ган. кога ќе го изгледате мислите дека секој пилот на воен авион може да прави такви работи со леталото, не е така, но сепак филмот е фантастичен.

секако дека сите ние кои живееме со спортот знаеме дека карлос и ландо имаа фантастичен однос и немаше никаква тензија помеѓу нив. секое телевизиско шоу создава забава, исто како и ние во падокот, забава и ексклузивност која реално не постои.

но, мислам дека е во ред. најважно е да имаме нови фанови во спортот кои од секаде низ светот почнуваат да не гледаат. го поддржуваме нетфликс и тоа што се обидуваат да го направат дури и со дозата на креативност кој ја користат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ