Зек Браун: Ф1 понекогаш заборава дека фановите се на прво место

Шефот на Мекларен, Зек Браун, смета дека Формула 1 не би постоела брз фановите, а потенцираше и дека во спортот многу често забораваат поради што постојат.

Како високо софистициран, гламурозен и возбудлив бизнис, Гранд При тркањето има масовна гледаност во своето постоење, а дел од спортот останува затворен за голем број на луѓе, веројатно поради тоа е и неговата допадливост.

Поранешниот шеф на спортот, Берни Еклстон, човекот кој ја направи Формула 1 тоа што е денеска, своевремено изјави дека би бил совршено среќен и доколку екипите се тркаат зад затворени врати, брз присуство на јавноста, пред празни трибини, а ексклузивно да може да се гледаат преку телевизија.

Откако Либерти Медиа го превзема раководењето со спортот во 2017 година фановите, како оние крај патеката така и оние крај телевизорите имаа корист од напор на американците да се отворат кон јавноста, нешто што Зек Браун смета дека треба да продолжи.

на крајот на денот спортот е за фановите и од таму треба да почне. ако немате многу страствени фанови низ светот, нови и старти, тогаш нема да имате спонзори кои ќе плаќаат за да се рекламираат во серијата.

понекогаш спортот заборава за кого постои и на моменти се смета дека екипите се тркаат за себе. не, сето тоа е поради фановите – повтори зек.

Зек беше предвесник на отворањето на вратит во спортот уште во 2017 година кога со документаниот филм на Амазон ‘Grand Prix Driver’, екипата ја зголеми интеракцијата со фановите. Формула 1 го следеше Мекларен кога во пресрет на минатата сезона на Нетфликс беше прикажана ‘Drive to Survive’, серија која буквално ја роди одново тркачката серија, а втората сезона се очекува наскоро.

ова е спортска забава и поради тоа е природно да го отвориме тимот кон јавноста. знам дека со тоа што и самиот сум фан сакам да знам што се случува во формула 1, состаноите со возачите, случувањата зад затворени врати и мислам дека тоа ги разгорува фановите.

почнавме исправно да размислуваме кога почнавме да го работиме филмот со амазона, а потоа и кога учествувавме во серијата на нетфликс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ