Зошто Ботас не доби спротивна стратегија од Хамилтон?

Од Мерцедес открија дека проблем со пневматиците сличен на тој со кој се соочија на Силверстон го спречило Валтери Ботас да премине на поинаква стратегија на Муџело во однос на неговиот колега, Луис Хамилтон.

Во обид да го превземе водството на Тосканското Гранд При, Ботас побара од својот тим да премине на поинаква стратегија од таа на Луис Хамилтон. Но Ботас беше првиот кој влезе во бокс, што му дозволи на Хамилтон да ја следи истата стратегија ос хард пневматици.

Кон 30от круг од трката, двата болида беа на медиум при првата серија. Очекувавме да застанеме уште еднаш пред крајот. Но во 29-30от круг забележавме вибрации кај предните пневматици на Валтери. Беше слично на Силверстон и овој пат сакавме да спречиме повторување на инцидентот.

Како резултат на тоа, наместо Луис да влезе прв, бидејќи имаше приоритет, го внесовме Валтери. Разгледавме која е најдобра компонента. Поради деградацијата, се одлучивме на хард.

Пред тој момент, сакавме Луис да влезе прв и кој пневматик да го ставивме, ќе бевме повеќе од среќни да се обидеме со алтернатива кај Валтери.

Влегувањето на Валтери не беше планирано. Ние реагиравме на проблем и како резултат сакавме да бидеме безбедни – изјави Џејмс Вауелс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ