Зошто Мерцедес не користеле тимски наредби на Џеда ?

Од Мерцедес објаснија зошто не ги замениле позициите на своите возачи при рестартот на трката во Џеда. 

Во 18от круг, Расел и Хамилтон влегоа да менуваат гуми, Расел промени на најтврдата компонента, додека Хамилтон на средната. Иако Луис имаше побрзи и помеки гуми, сепак тој не успеа да го стигне Расел, а Мерцедес не интервенираа. 

Мајк Елиот објасни дека сакале Расел да има подобри гуми на крајот на трката. 

Најпрво мора да мислиме на безбедносното возило кое беше доста рано и не чекаше долга серија. Луис имаше побрзи гуми, но требаше да издржи до крајот.

Иако најпрво му правеше притисок на Џорџ, сепак мораше да издржи и не можеше да го прави тоа уште долго. Ние работиме како тим и не е важно кој на која позиција ќе заврши. Ги оставивме да се тркаат – објасни елиот.

Хамилтон беше еден од возачите кои стартуваа на хард покрај Логам Сарџент од Вилијамс. Иако Луис не беше задоволен од разликата во гумите, сепак Елиот смета дека коцкањето се исплатело. 

Со оглед на стартот на Луис, знаевме дека евентуално ќе дојдеме до добра позиција. Кога се појави безбедносното возило, променивме на медиум и тоа му даде одредена кратка предност.

Спредено со Леклер кој промени пред безбедносното возило, тоа значеше дека мора да остане надвор и да не менува повторно. Тоа беше стратешка игра која вредеше да ја одиграме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ