Зошто се вика “Формула 1“ и 12 други прашања околу историјата

На 70 годишнината од првата трката во официјалното Формула 1 првенство, познатиот новинар Дејвид Тремејн, ја објаснува историјата и почетоците на Формула 1 како што ја знаеме денес. Од каде потекнува Формула 1, дали имало спорт претходно и кој учествувал во првата трка во Силверстон? … 

Како изгледал меѓународниот моторспорт пред официјалното Формула 1 првенство? Дали изгледал како денес?

Да, постоело нешто слично. Асоцијацијата Internationale des Automobile Clubs Reconnus (AIACR) била владеечкото тело и помеѓу 1931 и 1939 година го организирала европското првенство, кое всушност било светско првенство, со исклучок на името.

Стариот систем на поени доделувал 4 поени на тие кои извозеле 75 проценти од трката, зголемувајќи се на 7 поени за тие кои извозеле 25 проценти или помалку, така што возачот кој освоил најмалку поени бил победник.

Помеѓу шампионите се тие како Тазио Нуволари, Рудолф Каракола и Бернд Розмејер, додека доминантни екипи биле Алфа Ромео, Мерцедес и Ауто Јунион. Првенството завршило по почетоците на Втората Светска Војна во 1939 година.

Како настанала Формула 1? Кога била измислена и од кого?

Во 1946 година, Меѓународната Спортска Комисија, дел од AIACR, ги започнала првите чекори да се оживее моторспорт тркањето по војната. Тие го замениле 80 годишниот претседател Шевалие Рене де Ниф со Агустин Перуз, кој ги започнал дискусиите околу нов тип на Гранд При.

Во исто време, постоечката AIACR била наследена од Меѓународната Федерација на Автомобили, ФИА, која што постои и денес. Никој не е целосно сигурен кој прв ја имал идејата за официјално Формула 1 првенство, но заслугата му се назначува на Марки Антонио Бривио-Сфорца, кој бил избран да ја претставува Италија во ФИА во 1946 година. Тој бил страствен тркач од Милано, поранешен златен медалист во санкање и Гранд При тркач кој го освоил третото место во Монако во 1935 и Нирбургринг во 1936 година.

Во 1949 година било потврдено дека ФИА Формула 1 светското првенство ќе започне од 1950 година, а светскиот шампион ќе биде прогласен на крајот на сезоната.

Дали секогаш било планирано да се нарекува Формула 1? Зошто воопшто “Формула“?

Првично, кога бил изгласан концептот за новата тркачка категорија во 1946 година, се сметало дека зборот “формула“ најдобро ја опишува тркачката дивизија и бил наречен “Formula Internationale“, но некои сметале дека било искористено и името Формула А.

На крајот било одлучено дека Формула 1 би било попривлечно име кои би било препознато насекаде за тоа што е, најврвна серија.

Кои биле оригиналните правила?

Од 1947 година правилата биле за болиди со 4,5 литарски мотори, како пред војната, или 1,5 литарски турбо мотори од старите класи. Тоа функционирало добро, така што кога правилата биле формализирани, истите спецификации се користеле од 1950 до 1953 година.

Во која форма функционирало првенството?

Во првото првенство постоеле 7 трки: Британија, Монако, Америка, Швајцарија, Белгија, Франција и Италија.

Трката во Америка била на препознатливиот Индијанополис 500, кој бил дел од првенството се до 1960 година. Во пракса, немало никаков премин на возачи, се до Џек Брабам кој со својот Купер се појавил на Инди во 1961 и го започнал европскиот бран кој ќе го трансформира тркањето на познатиот овал.

Имало само едно првенство, за возачи (првенството за конструктори не било додадено се до 1958 година), а поени се доделувале на следниот начин: 8 за победа, 6 за второ место, 4 за трето, 3 за четвртто и 2 за петто, со дополнителен поен за најбрзиот круг.

Дали имало интерес кај повеќе производители?

Алфа Ромео отсуствувал во 1949 година по смртта на нивните возачи Жан-Пјер Вилмил, Ахил Варзи и Грофот Карло Троси, но се вратиле со четири болиди, Алфета 158, кои произведувале 400 коњски сили од моторите со турбо полнач.

За жал, надежта на Британија, амбициозниот БРМ В16, не бил сеуште конкурентен, но кога Консалво Санеси претрпел повреда на раката во Миле Миља, Алфа Ромео во знак на почит кон земјата домаќин го понудиле својот четвртти болид на домашната трка во Силверстон за Реџ Парнел. 

Во првата трка имало 5 болиди на Талбот Лагос, шест Масерати, 4 ЕРА и 2 Алфа, за вкупно 21 болид со останатите тимови на гридот.

Немало Ферари?

Иронично, земајќи ја предвид гордоста на нивното присуство во светското првенство, Енцо Ферари не испратил болиди на првата трка. Тој сметал дека неговите 125ки со 1.5 литарски В12 нема да бидат конкурентни на Алфите, а воедно бил сред транзиција кон 4.5 литарски В12 мотори со кој ќе ги надминат Алфа во годините подоцна.

Дали имало голем интересен за новото првенство?

Да и не. Повеќето екипи се тркале долг период пред нивните напори да бидат препознаени, но имало севкупно задоволство што нештата се посериозни по години на Гранд При трки без сериозна важност.

Дали имало голем награден фонд?

Не! Според пресметките од бројките достапни во 1961 година, севкупниот награден фонд не надминал 1.000 британски фунти, а околу 350 фунти биле за победникот.

Зошто Силверстон бил избран за првата трка?

Нема посебна причина за изборот, иако Ерл Хоув бил избран за претставник на Британија во ФИА во исто време како и Бривио. Силверстон првично е отворен како аеродром во 1943 година, а првата трка се одржала во 1947 година. Потоа имало успешни трки на Британското Гранд При во 1948 и 1949 година, така што било јасно дека RAC и BRDC имале добро познавање за организација на такви настани.

Дали било очигледно дека Ф1 ќе биде успешна?

Во Британија, дефинитивно. Првата трка за мегународнио трофеј во Силверстон во Август 1949 година привлекла публика од 100,000 фанови, а толку се очекувало и за првата трка од официјалното Светско Првенство.

Како поминала првата трка?

Сабота, 13ти Мај, 1950 година бил историски ден поради две причини. Од спортска гледна точка, тоа го означило почетокот на првото официјално првенство. На национално ниво тоа било прв настан од монархијата да присуствува на трка, што довело до називот “Кралскиот Силверстон“. 

Кралот Џорџ 6ти и Кралицата Елизабер биле придружени од Принцезата Маргарет и Контесата Моунбатен, додека го следеле Џузепе Фарина која ја предводел Алфа Ромео до 1-2-3 финиш во трката. Покасно годината Фарина бил назначен за прв шампион по одличен дуел на последната трка во Монца. Формула 1 како што ја познаваме денес започнала, а останатото е историја …

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ