Игрите го прават Ландо понервозен од реалната Ф1

Ландо Норис изјави дека виртуелните видео игри го прават понервозен од тркањето за Мекларен во реалната Формула 1 тркачка серија.

Доколку имаше официјална серија во еСпортс тогаш британскиот тркач сигурно ќе бил дел од неа, но тоа не е лоша работа бидејќи повеќето возачи се забавуваат на овој начин во овие несигурни времиња.

Понекогаш сум многу нервозен кога играм и тоа е повеќе од вистинската тренинг сесија. Не знам дали е поради недостаток од адреналин во вистинскиот болид, но секако ми оди на нерви. Кога возам на игрите е многу помирно и имам време да размислувам.

Треба да се потрудам да сум што помирен, но понекогаш се нервирам и се тресам од нервоза доколку нешто ги уништи моите квалификациски кругови. Понекогаш е добро што имам забрането други да зборуваат кога возам во живо за Twitch бидејќи тоа ме деконцентрира.

Иако возам за забава, убаво е и некогаш да гледам трка. Мислам дека не е забавно само да се тркаме и да ја покажеме трката бидејќи тоа има важност за луѓето дома и се трудам да ги направам среќни бидејќи во моментиве немаат што да прават – појасни норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ