Иднината на Херез ќе се решава во Мај или Јуни

Враќањето на шпанските Херез на Формула 1 календарот за следната година е сеуште во игра. Барселона лани доби едногодишно продолжување на оработката што значи дека и годинава ќе гледаме трка крај каталонската престолнина.

Шпекулациите околу патеката на Југот на Шпанија почнаа да циркулираат во Ноември лани на патеката каде се одржа возбудливото финале на сезоната во 1997 година, а тамошните промотери реговараат со Либерти за тригодишен договор почнувајќи од следната сезона.

советот работи веќе две години за да го врати херез во формула 1 календарот – откри градоначалникот на херез, мамен санчез за весникот Diario de Jerez.

Медиумите шпекулираат дека Регионалната Влада на Андалузија има потпишано и Писмо за намери со Либерти Медиа каде сумата која треба да ја плаќаат на Формула 1 изнесува 25 милиони долари.

не можам да кажам ништо. некои тврдат дека работата веќе е завршена, но ќе почекаме со мај или јуни за да знаеме точно.

инвестициите ќе бидат многу големи и исто така треба да добиеме поддршка и од останатите институции, не само од владата на андалузија – изјави министерот за туризам во владата на надалузија, хуан марин за Andalucia Informacion.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ