Има уште отворени работи кај новите правила, откри Волф

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, не може да даде конкретен одговор кога ќе бидат потпишани финалните договори за учество во спортот од следната тркачка сезона поради тоа што некои работи сеуште не се разјаснети.

Шефовите на спортот презентираа своја визија за спортот од 2021 година со која се покриени спортските, техничките и финансиските правила, но договори со Либерти Медиа и ФИА сеуште не се потпишани. Зарашан за напредокот на официјалниот дел, Волф не сакаше да прогнозира датум за финиширање на процесот.

процесот е во тек и се работи за сложени договори, трилатерални договори помеѓу фиа, сопственикот на комерцијалните права и екипите. потребно е време затоа што има многу детали и не сакам да коментирам ништо понатаму и да откривам некаков датум затоа што има уште доста отворени работи.

работата е во тек, јасно е главните луѓе треба да направат компромис и да ги доближат ставовите, затоа што во спротивно ќе бидеме во лоша ситуација – смета волф.

Скоро се појавија сомнежи за можноста на спортот да затвори евентуани “сиви зони“ и недоречености во правилата кои некои екипи би ги користеле во своја полза. Рос Браун сака тоа да го реши со нов начин на гласање за промена на правилата при такви ситуации. На Тото не му се допаѓа таа идеја затоа што смета дека истата ќе ги неутрализира иновациите во спортот кој се насочени кон добивање на перформанси.

иновациите секогаш се сржта на формула 1, тоа е тоа што го работиме и дел од нашата днк. не мислам дека треба да го ограничуваме потенцијалот на иновациите. ако некој добие некаква умна идеја, треба да му биде дозволено да се трка и да ја користи, секако ако е во рамките на правилата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ