Импресивни кругови на патеката и за Албон

Алекс Албон ја доби можноста за прв пат да го проба РБ16 на вториот ден од предсезонските тестови и по одложен почеток на сесијата, возачот за кратко време се навикна на новата машина.

Тестот почна забавено откако Албон помина само неколку инсталациски кругови и не постави време во првиот час од денот.

Нормален зимски тест. Малку се поместувате, ја зголемувате тежината, пошироки рамења, но се беше океј. Мислам дека возењето помина добро. Имам добро чувство со болидот. Секогаш има нешто на што може да работите. Земајќи во предвид како беше во Спа, возејќи го болидот за прв пат и сега, секогаш има област каде сфаќате дека се мачите помалку и тоа добро го решивме преку зимата.

Чувството е подобро, тоа е позитивно.

Иако имаа проблем со моторот, сепак тоа не го спречи Албон да извози 134 кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ