ИндиКар ги потврдија преговорите со Ферари

НТТ ИндиКар серијата и нејзиниот сопственик, Роџер Пенске, потврдија дека имале првични преговори со Ферари околу учество на италијанската екипа во американската серија како фабрички тим во 2022 година.

Гледаме кон можно додавање на производители. Најверојатно сте слушнале, имавме разговори со Ферари. Тие можеби се заинтересирани околу учество од 2022 година, кога ќе имаме нови правила за моторите. Тоа би било одлично, да имаме трет производител во серијата.

Моментално има само два производитела во ИдниКар, Хонда и Шевролет. Лотус претходно беше инволвиран, но ја прекина својата соработка на крајот на 2012 поради лоши резултати. Од тогаш, ИндиКар бара да додаде уште барем еден производител.

Се обидуваме да привлечеме нови производители во спортот. Ферари покажа интерес  и затоа почнавме да разговараме. За ИндиКар, Ферари би биле одличен додаток. 

Воведувањето на ограничување на буџетот во Формула 1 од следната сезона можеби ќе ја овозможи најдобрата опција за регрутирање. Ферари веќе истакнаа дека сакаат да најдат нов моторспорт проект со цел да ги зачуваат вработените без негативни исходи. 

Ферари имаат социјална одговорност кон своите вработени. Сакаме да бидеме сигурни дека секој од нив ќе биде дел од нас во иднина. Од таа причина, разгледуваме алтернативни програми. Можам да потврдам дека гледаме кон ИндиКар, која е сосема различна категорија, но по промена на правилата во истата од 2022 година – вели Биното.

Промените во правилата за 2021 година се поместени за една година, со цел да се привлечат нови производители во ИндиКар, како воведвуањето на новите шасии, ДВ12, новите хибридни мотори ќе произведат околу 900 коњски сили, сочувување на енергијата при сопирање и електрични мотори кои ќе доведат до подобрување на системот за претекнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ