ИндиКар: Индијанополис 500 одложена за Август

Тркачката серија НТТ ИндиКар одлучи да го презакаже 104то издание на Индијанополис 500 за 23ти Август поради пандемијата од Корона вирусот.

Организаторите на трката, како и официјалните лица од патеката, претходно изјавија дека ќе продолжат со подготовките за легендарната трка, но сепак ситуација доведе до промени во нивните планови. Ова е првпат Инди500 да не одржи во месец Мај, откако претходните промени на датумот се имаат случено за време на двете Светски Војни.

Месец Мај на патеката Индијанополис е моето најомилено време од годината и како и нашите фанови, јас сум разочаран што мора да го презакажеме Инди500. Сепак, здравјето и безбедноста на сите учесници и гледачи се врвен приоритет.

Сметаме дека одложувањето на трката е одговорна одлука земајќи ги предвид условите и рестрикциите со кои се соочуваме – изјави еден од сопствениците на екипа во серијата, Роџер Пенске.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ