Инженерот од Хаас за сударот на Гросжан: Чекањето беше пеколно

Инженерот за трки во Хаас, Доминик Хаине, се присетува на моментот на сударот на Роман Гросжан во Бахреин и пеколното чекање на било какви информации по истиот.

Минатите две години Хаине беше инженер во трка на Роман Гросжан, а претходно три години беше задолжен за неговите перформанси во американската екипа. Хаас веќе имаа одлучено дека ќе ги променат двајцата возачи, а потоа следуваше ужасниот судар на французинот и неславниот крај на соработката пред истекот на сезоната.

Бахреинското Гранд При беше прекинато по стартот и болидите се упатуваа во боксот, но никој немаше никаква информација за Гросжан, а телевизискиот пренос не беше насочен таму поради потребата прво да се знае состојбата на возачот пред да се покажат било какви кадри. Гросжан чудесно излезе самиот од болидот и со медицинско возило беше префрелен во болница, а при тоа се движеше сам и поакажа дека е добро.

во првиот круг од трката една од клучните работи на кои се обрнува внимание се податоците од болидот да ги добиваме точни и навремени, така што се фокусиравме на телеметријата. одеднаш податоците престанаа да доаѓаат, а тоа се случи додека тој возеше над 200 кмч, едноставно ги снема.

веднаш се јавивме преку радио и го прашавме дали е добро, а тогаш слеедуваше најлошото, а тоа е глува тишина. имаше 30 секунди тишина и тоа беше ужасен момент.

пото некој погледна некаква друга снимка дека роман одеше и се движеше, го чув тоа преку нашето радио, слушнав дека е надвор од болидот, дека оди и дека е добро, но денот беше ужасен – се присетува хаине во документарецот за сударот на роман на француски Canal Plus.

Ајао Коматсу, главниот инженер во тимот, исто така призна дека бил загрижен и ужаснат:

кога почна трката јас ги гледав камерите од болидите на двајцата возачи. првично не мислев дека е роман, но потоа ги видов гпс податоците и сфатив дека тој запрел. не знам како да кажам, но знаев каде се случило тоа и бев загрижен да не е најлошото. не можев да испроцесирам се во главата како некој може толку брзо да искочи од таков неред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ