Информации за Drive to Survive сезона 4

Четвртата сезона од ултра популарната Drive to Survive на Нетфликс ќе се појави на платформата на 11от ден од Март, значи следниот Петок, а во продолжение детални информации за истата.

Сите 10 екипи учествуваа во ланското знимање на серијата за време на густиот и збиен календар од 22 трки, така што екипите на Нетфликс можеа да снимаат во падокот и гаражаите на тимовите за време на тркачкиот викенд. Во првата сезона која излезе во 2019 година, Ферари и Мерцедес не дадоа дозвола да се снима кај нив, но поради популарноста која веднаш ја стекна серијата, тоа се промени уште од втората сезона.

Светскиот шампион Макс Верстапен уште пред почетокот на тркачката сезона директно реши да не дава изјави за Нетфликс и да не биде директно вклучен во серијата затоа што сметаше дека американскиот стриминг серивс ја извртува вистина и се прави само за да добие поголемо шоу пред гледачите. Така, најголем дел од работата на Ред Бул пред камера остана на Кристијан Хорнер.

Во продолжение куса содржина на епизодите.

1. Clash of the Titans
Бахреинското Гранд При како почеток на сезоната каде возачите даваат се од себе за да стигнат до целта на отворањето на сезоната.

2. Ace in the Hole
Даниел Рикардо направи трансфер од Рено во Мекларен и сака да покаже дека вреди, но неговиот колега Ландо Норис е моќен, силен и го остава во сенка.

3. Tipping Point
Макс Верстапен со Ред Бул нижат победи, Луис Хамилтон и Мерцедес се обидуваат да држат ритам, а инцидентите носат огромни контроверзии.

4. A Mountain to Climb
Хаас изгледаа добро со нов и моќен главен спонзор и двајца дебитанти кај себе, решавајќи целосно да ја ризикуваат сезоната и да се посветат на следната.

5. Staying Alive
Даниел Рикардо дава се од себе и повеќе од тоа и стигнува до победа а Мекларен на Италијанското Гранд При, единствена 1-2 победа за екипа сезоната.

6. A Point to Prove
Вилијамс има нови сопственици, нова структура и инвестиции, така што сака да ги остави скорешните проблеми и слаби резултати зад себе.

7. Growing Pains
Јуки Тсунода и Естебан Окон се млади таленти во АлфаТаури и Алпин, но имаат голем притисок над себе и мора да се докажат.

8. Dances With Wolff
Гласините дека Луис Хамилтон ќе добие нов колега на местото на Валтери Ботас се се посилни.

Содржината на последните две епидози сеуште не е позната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ