Исола: На Монако ќе се вози со најмеките гуми

Откако се откажа трката на Имола поради големо невреме и поплави, Марио Исола од Пирели ги кажа своите очекувања за трката во Монако. 

Одиме во Монако и таму е различно од очекуваното. Тоа требаше да биде втора последователна трка во Европа, но Имола беше откажана. 

Исола изјави дека многу се засегнати од поплавите во Емилија Ромања. 

Тие слики од уништувањата ни се сеуште свежи и мора да бидеме солидарни со семејствата на жртвите и големите загуби. 

Италијанецот зборуваше и за историската патека низ Кнежевството каде може да има неочекува резултат и неочекувани инциденти. 

Монако е историјата на Формула 1. Карактеристиките на патеката се уникатни и се непроменети веќе 60 години. Ниту една патека не може да го направи тоа што Монако може да му го даде на еден возач.

Таму е тешко да се престаса и квалификациите се доста возбудливи бидејќи позицијата на стартот е најважна за трката. 

Исола смета дека еволуцијата на патеката во Монако е доста различна бидејќи сообраќајот не е прекинат помеѓу сесиите. Резулатот е лизгава патека. 

Тоа е случај на уличните патеки и Пирели ги носи најмеките гуми. Интересно е бидејќи патеката има нормален сообраќај во текот на пладнето и тешко е да се остави гума на линијата за тркање со што патеката станува полизгава. 

Но, според него, Монако нуди шанса за пробување на новите гуми за дожд. 

Со откажувањето на Имола, сега имаме шанса да ги пробаме новите Цинтурано Блу гуми за дожд без греачи што е уште еден различен фактор овој викенд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ