Исола: Помеките гуми ќе донесат брзина и предизвик

Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, смета дека помеките гуми кои италијанците ќе ги понудат на овогодинешното Руско Гранд При ќе донесат различни стратегии, дополнителна брзина и предизвик за возачите.

Тој објасни дека одлуката да се донесат помеки компоненти е за да се намали потребата од интензивно менаџирање и да се охрабри тркањето, нешто што фановите долго време го бараат.

На сите досегашни трки во Русија победуваа возачите на Мерцедес, а олимписката патека е позната по тоа што бара прецизност особено во зоните за кочење.

големата награда на русија е една од ретките трки која си го задржа првичното место во календарот, исто како и лани. но, ќе носиме за еден степен помеки гуи за да донесеме дополнителна брзина и предивик во однос на стратегиите.

благодарение на намалената дебелина на гумениот слој која прв пат беше промовирана лани, меките ц3, ц4 и ц5 гуми за оваа година треба д ги охрабрат возачите да ги користат без интензивно да менаџираат со нивното трошење.

годинешните болиди се побрзи од билод кога, така што екипите дефинитивно ќе имаат неколку непознаници на трката поради промената на гумите во однос на ланските.

сочи не бара многу од гумите така што верувам дека ќе биде можно и да се одработи трка со едно застанување. екипите треба да го најдат најбрзиот начин во недела, но мислам дека ќе се цели на едно застанување – појасни исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ