Историските Ф1 патеки се понесигурни

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, откри дека некои од најисториските и најсаканите Формула 1 автодроми немаат сигурна иднина во тркачката серија.

Годинава Мајами ќе стане дел од рекордниот календар со 23 трки, добра вест за помладата публика особено онаа во САД, но не толку добра за организаторите на Гранд При трки на традиционалните патеки.

новите патеки се повеќе и повеќе ги креваат стнадардите во однос на инфраструктурата. тоа ги прави традиционалните и историски патеки старомодни. спа-франкошамп, монца и силверстон се фантастични места кои се обожавани, но не може да се ослонуваат само на историјата и постигнувањата затоа што на тој начин ризикуваат да го загубат своето место – посочи роси.

На Спа веќе некое време се работи на темелна преправка на патеката и дополнителна инфраструктура и се ќе биде подготвено за овогодинешното издание на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ