Италијанското ГП се сели во Венеција ?

Според некои гласини од Формула 1 падокот, Италијанското Гранд При ќе се префрли од Монца на привремена патека околу каналите на Венеција.

Се чини дека старите патеки ќе ги снема од спортот откако се зборува дека белгиска Спа ќе биде тргната од календарот. Инсајдер од Формула 1 искоментира:

Штета е да се загуби најбрзата патека на календарот, Но вакви шанси за префрлање на Формула 1 на туристички места не смее да се пропуштат. Секако нема место за престасување бидејќи има шанса градот да потоне доколку се стави нов асфалт, Но глетката да се вози на Сан Марко плоштадот е одлично.

Еден возач кој сакаше да остане неименуван се зачудил од изборот:

Венеција? Мора да се шегувате. Тоа ќе биде полошо од Монако кое мора да го издржам бидејќи живеам таму. Сепак, имам слушнато за Венеција. Сеуште не знам каде е Азербејџан, но сум се тркал неколку пати во Баку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ