Италија: Мерцедес го растури Ферари на домашен терен

Мерцедес стигна до својата 72ра победа во историјата, а 38ма во доминантен 1-2 стил на Големата награда на Италија, домашната територија на Ферари. Луис Хамилтон од друга страна дојде до својот 58ми триумф во кариерата, но поважно, стана нов лидер во генералниот пласман кај возачите. Хам е првиот возач годинава кој победил на две трки една по друга.

Неговиот тимски колега Валтери Ботас финишираше зад него и дојде до својот 18ти подиум, додека најниското место на пиедесталот му припадна на Себастијан Ветел за своето 96то искачување на подиумот.

Трката не беше ни почната, а Луис Хамилтон беше единствен кој стартуваше од местото кое го имаше на вчерашните квалификации, откако беа доделени дури 9 казни за промена на делови од моторот или менувачот. Поради вечрашните дождливи квалификации, изборот на гуми беше слободен, а првите 10-торица се решија да започнат на црвениот суперсофт.

Стсартот донесе драма и трка. Ленс Строл не успеа да си го задржи своето 2ро место и веднаш го предаде на похрабриот и поддолучниот Естебан Окон. Зад нив, Валтери Ботас немаше убедлив старт и своето 4то место му го предаде на Кими Раиконен. Но, на финецот не му требаше ни цел круг за пред Параболика д си ја врати позицијата. Сепак, најголем добитник беше Макс Верстапен кој по првиот круг напредуваше дури 5 позиции, почна од 13то, а веќе беше на 8мо место.

Валтери Ботас беше “напалениот“ во првите неколку кругови откако во 3от круг го мина Ленс Строл и ми го превзема 3то место, а круг подоцна го мина и Естебан Окон и дојде на 2ра позиција, веднаш зад својот тимски колега Луис Хамилтон.

Кругот број 3 беше и моментот кога Верстапен си ја уништи трката. Во свој препознатлив стил, тој сакаше да мине кај што никој не би се обидел, а Фелипе Маса нормално дека не сакаше да се откаже. Дојде до контакт по кој подебелиот крај го извлече Верстапен кој со предна десна дупната гума мораше да извози цел круг за да се довлечка до боксот. Сепак, со многу претекнувања, на крајот холанѓанецот дојде до 10то место и поен за себе и тимот.

Сударот помеѓу Верстапен и Маса беше под истрага, но стјуардите не се решија да казнат никого и го оквалификуваа како нормален тркачки инцидент.

Кругот број 3 беше преполн со случувања, а тоа беше и моментот на трка помеѓу двајцата возачи на Ферари. Себ мина, Кими се врати, но германецот беше упорен и му го превзема 5то место на својот тимски колега.

Себастијан Ветел не застана само на Кими Раиконен туку во 5от оруг го мина Ленс Строл превземајќи го неговото 4то место, а во кругот број 8 го мина и Естебан Окон за 3та позиција.

Окон, Строл и Раиконен 8 кругови возеа блиску еден зад друг, но никој не успеа да мине. Мразот го скрши Кими Раиконен кој во 16от круг влезе по нови софт гуми, гледајќи дека тешко ќе се избори за позиција во борба со Вилијамс и Форс Индија. Следниот круг гуми менуваше и Естебан Окон од Форс Индија, а потоа и Ленс Строл. Од оваа промена возачот на Ферари искористи затоа што преку бокс успеа да го мине Строл кој немаше совршено менвуање.

Во 26от круг Кими на крајот на стартно целната рамнина го мина и Естебан Окон и во тие моменти беше на 6то место, а пред себе ги имаше двта Мерцедеси, Ветел, Перез и Рикардо, возачи кои во тие моменти возеа со истите гуми од стартот.

Џулион Палмер го паркираше своето Рено во боксот во 31от круг откако тимот го побара тоа од него.

Водечките почнаа со промена на гунми во 32от круг. Прв на софт промени Ветел, круг по него Хамилтон, а во 34от круг и Ботас. Мерцедес си ги промени позициите само еден круг, додека Ветел падна на 4то место зад Даниел Рикардо кој уште беше на почетните софт гуми.

Во кругот број 33 за нови гуми се реши и Серхио Перез. Влезе во пит од 5то место, а излезе на 9та позиција.

Мекларенот на Стофел Вандорн издржа само 34 кругови иако пред трката доби нови делови и нормално казна од грид позиции.

Со првиот сет софт пневматици Даниел Рикардо на својот Ред Бул издржа до 39от круг кога влезе и промени на суперсофт. Австралиецот влезе од 3то место, а излезе на 5то со Мерцедес и Ферари пред себе. Му требаа само два круга за да го стигне и помине Кими Раиконен и да го превземе неговото 4то место. Ветел во тие моменти беше 12-тина секунди пред него, Рикардо вртеше најбрзи кругови, но не успеа да стигне до второто Ферари.

Во кругот број 48 Макс Верстапен конечно влезе во поени превземајќи го 10то место од Кевин Магнусен со еден многу сомнителен маневар истуркувајќи го данецот од патеката. Хаас го пријави тоа кај стјуардите, но немаше никаква казна.

Претпоследниот круг беше моментот кога Фернандо Алонсо го паркираше својот Мекларен во гаража, а истото го стори и Маркус Ериксон со својот Заубер.

Нов 1-2 триумф за Мерцедес, а 3-5 за Ферари кои беа разделени од Даниел Рикардо на 4то место. Форс Индија беше 6та со Естебан Окон и 9та со Серхио Перез. Вилијамс успејаа до 7мо и 8мо место со Строл и Маса, а последниот поен го “ќари“ Верстапен.

Луис Хамилтон го превзема водството и во моментов е прв со 3 поени пред Ветел. Дополнителни 38 поени зад германецот е Валтери Ботас. Даниел Рикардо е на 4то место со 6 поени позитива во однос на Кими Раиконен, Верстапен е 6ти со 10 поени пред Перез, а мексиканецот има само 3 повеќе од својот тимски колега.

Кај конструкторите, Мерцедес го зголеми водството пред Ферари на тешко достижни 62 поени. Ред Бул е безбеден на 3то место со 212 поени, а Форс Индија се зад нив со 113. Со денешниот плсман Вилијамс си даде простор за дишење со 55 поени и 15 позитива во однос на Торо Росо зад нив.

[table id=29 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ