Италија: Мерцедес до 1-2 победа на домашен терен за Ферари

Нико Розберг со чисто и доминантно возење и помалку среќа на стартот стигна до својата прва победа во Монца на трката за Голема Награда на Италија и ја намали разликата со Луис Хамилтон на само 2 поени во генералниот пласман.

Домашен терен за Скудерија Ферари. Доминантен викенд за Мерцедес и Луис Хамилтон. Првиот ред резервиран за сребрените стрели, вториот за екипата која потфрли во 2016 година, според претседателот на компанијата. Се се сведе на одличен старт за Себастијан Ветел и Кими Раиконен и ужасен старт за Луис Хамилтон на денешната Голема Награда на Италија кој воедно му ја поклони победата на својот тимски колега.

Светлата на семафорот се изгаснаа и Хамилтон заспа, исто како и Верстапен и Гутиерез подолу на гридот. Себастијан Ветел и Кими Раиконен како во повеќе наврати сезонава, умешно ја искористија ситуацијата и прелетаа покрај британецот. Ветел во тие моменти се надеваше на уште малку повеќе правец и истиот потег да го примени над Нико Розберг.

Возачот на Мерцедес сепак одлично ја одбрани својата позиција во првиот свиок, додека позади него мора да се истакне прилично внимателното возење на возачите кои избегнаа посериозни контакти. Сепак, тоа не беше случајот и со Фелипе Наср и Џулион Палмер, кои поради контакт мораа порано да ја завршат трката.

Подолу на гридот, по вчерашните одлични квалификации за неговиот американски тим, Естебан Гутиерез заборави да тргне на самиот старт и додека борбата на челото се вжештуваше, тој падна на 18та позиција, од одличното 10то место на стартот. Неговиот тимски колега, Роман Гросжан, искусно го искористи стартот и почна да ги враќа изгубените позиции, поради неговата казна.

Макс Верстапен во меѓувреме заглави последните позиции во топ 10, додека Даниел Рикардо влезе во дуел со Валтери Ботас. Финецот неколку кругови по ред го задржа и Луис Хамилтон позади себе, кој секако не беше задоволен, гледајќи како двајцата возачи на Ферари изчезнуваа во далечината. Сепак, Хамилтон и немаше потреба за грижа. Мерцедес ги поставија своите возачи на стратегија со 1 влегување во бокс, преминувајќи од софт на пневматици со медиум компонента, додека Скудерија Ферари обидувајќи се очајно да биде блиску до Мерцедес на својата домашна трка, се одлучи на стратегија со 2 влегувања за Ветел и Раиконен, притоа преминувајќи од суперсофт на суперсофт компонента и софт компонента за последното влегување.

Уште еден возач кој изненади на вчерашните квалификации, Паскал Верлејн, со неговиот Манор  стартуваше од 13та позиција, но беше приморан да се откаже прерано од трката. За респект е сепак возењето на младиот и талентиран возач, кој успева да создаде шанси со подпросечен болид. Во последниот дел од трката, борбата се разви помеѓу Валтери Ботас и Даниел Рикардо за 5то место. На само 6 кругови до крајот, разликата помеѓу двајцата беше само 0.5 секунди и Даниел Рикардо со одличен потег по стартно-целната рамнина го претекна Ботас кој искусно, за разлика од некои возачи, остави доволно простор за конкурентно, но и респектабилно тркање. Позади нив блиска битка имаа Серхио Перез и Макс Верстапен. Мексиканецот успешно се бранеше, но беше приморан да подлегне на нападите на холанѓанецот.

Како се ближевме до крајот на трката, стана се поочигледно дека Ферари сепак ќе мора да се задоволат со само едно место на подиумот, 3то. Иако Ферари ги искористи последните токени за развој на својот агрегат, сепак немаа шанса против моќниот Мерцедес.1-2 победа за тимот од Брекли и почесно 3то место за задржување на барем малку гордост на домашен терен за Себастијан Ветел и Ферари. Вреди да се истакне најбрзиот круг на Кими Раиконен во 51от круг за дополнителна радост на италијанците.

Ова е пласманот по денешното Италијанско Гран При:

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/kvali-2016-05-spanija.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ