Италија: 1-2 за Мекларен по 11 години

Сензационално, Мекларен по пауза од 11 години дојде до 1-2 победа откако последната беше во 2010 година во Канада со Џенсон Батон и Луис Хамилтон, а оваа беше 48ма во нивната пребогата тркачка историја.

Мекларен е единствена екипа која има 1-2 победа оваа година, последен пат победија во Бразил во 2012 година, Даниел Рикардо стигна до својот прв триумф кој не е освоен како возач на Ред Бул и стана 5ти различен победник на трка сезонава.

Валтери Ботас дојде до својот 64ти подиум, за Норис ова беше 5ти топ 3 пласман, додека за Рикардо 32ри подиум и 8ма победа. Инцидентот односно сударот помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон, главните кандидати за титула годинава не беше воопшто од помош за Мекларен затоа што “портокаловите“ ионака беа пред нив и реално побрзи.

Вкупно 16 возачи стартуваа на медиум компонентата, Мерцедес со Хамилтон и Ботас се решија за хрд и беа едни од ретките. АлфаТаури имаа проблеми со два болиди, Јуки Тсунода не стартуваше воопшто, а Пјер Гасли се паркираше во гаражата по само 5 круга. Со ова, малата италијанска екипа си ја прекина серијата од поени освоени на сите трки сезонава.

Стартот беше интересен, Рикардо ракетно почна и го превзема водството, Макс беше нападнат од Хамилтон на влезот во Аскари, но одлично го постави болидот и го врати Луис на 4то место, откако британецот агуби позиција од него, но и од Ландо кој дојде на 3то место. Ферари со Леклер и Саинз беа 5ти и 6ти по крајот на првиот круг.

Инцидент имаше на излезот од Аскари кога Антонио Џовинаци несоодветно мина преку преку тротоарот, ризично се приклучи на патеката и нормално што беше удрен од позадина од Карлос Саинз од Ферари. Ударот беше многу мал, но доволен за да возачот на Алфа Ромео се изрте и го оштети својот болид. Без предно крило остана и Роберт Кубица, така што некоку круга се возеше под виртуелно безбедносно возило, потошно 5 кругови. Патем, како да не беше доволно што италијанецот си ја уништи трката во преголема желб да успее пред домашните анови, доби и казна од 5 секунди за небезбено приклучување на патеката.

Кругот број 9 беше моментот кога Серхио Пере го мина Карлос Саинз од Ферари за 6то место, а во 13та обиколка, претекнувајќи го Николас Латифи, во топ 10 влезе и Валтери Ботас кој тргна последен, како 18ти со оглед на тоа што Јуки и Пјер тргнаа од бокс.

Казна од 5 секунди доби Естебан Окон за инцидентот во 15от круг кога не му остави простор на Себастијан Фетел да мине низ Аскари.

Прв од водечките во бокс влезе Даниел Рикардо во 22от круг, смени од медиум на хард, се задржа 2,4 секунди и се приклучи зад Ферарито на Саинз. Следен беше Макс Верстапен кој имаше многу брз круг додека Мекларен менуваа, но Ред Бул имаа проблем со предното десно тркало и Макс се задржа огромни 11,1 секунди во гаражата, приклучувајќи се на 10то место, зад Фернандо Алонсо.

Истиот круг, откако 23 пати мина на стартот многу блиску до Ландо Норис, Луис Хамилтон го нападна и мина својот сонародник на Курва Гранде и го превзема водството на трката. На крајот на тој круг, Норис влее во свежи хард гуми.

Следниот круг беше клучен во трката, можеби и во сезоната. Луис Хамилтон промени од хард на медиум, промената беше 4,2 секунди, секунда побавно од нормална промена, но проблемот беше приклуувањето на патеката. Актуелниот првак почека да дојде крајот на белата линија и да се приклучи на патеката, но се врати паралелно со Верстапен на Варианте. Влегоа паралелно низ првиот дел од шиканата, Макс беше од надворешна страна и потскокна на тротоарите, но следуваше делот каде Верстапен е внатре во кривината, а Луис не остави простор. Ред Бул буквално се качи на болидот на Мерцедес, повторената снимка беше страшна, но хало си заврши работа, а возачите беа бесни еден на друг.

Ова беше прва незавршена трка од Луис Хамилтон по 63 Гранд При викенди, поточно од Автралија во 2019 година.

Двјацата конкуренти за титула беа надвор од трка, а безбедносното возило влета на патека додека се расчисти шиканата Варијанте. Забавената трка во која безбедносното возило на чело ја искористија Ферари со двојна промена, исто како и Ботас и Перез од водечките. Скудерија се приклучи на 2ро место со Леклер и на 5то со Саинз, овој пат стратегијаа беше во нивна корист.

Безбедносното возило се повлече во 30от круг и следеше период на губење позиции од страна на Ферари. Норис го мина Леклер за 2ро место во 31от круг, а два круга подоцна и Перез го стори истото. Саинз беше минат од Ботас во 32от круг за 5то место, а финецот подоцна го мина и Шарл Леклер.

Чеко Перез два круга се мачеше во дуелот со Леклер и го мина преку тротоарот на Аскари, стјуардите го забележаа тоа и му дадоа 5 секунди казна на мексиканецот. Серхио заврши на 3то место, но 5те секунди го “спуштија“ на 5то.

Никита Мазепин се откажа во 44от круг поради проблеми со моторот откако неколку кругови претходно доби 5 секунди казна поради контакт со колегата при кој Мик Шумахер се изврте.

Така, Мекларен дојдоа до 1-2, а Ботас до 3то место откако напредуваше неверојатни 16 позиции во текот на трката. Шарл Леклер донесе 4то место за Ферари, а неговиот колега беше 6ти, разделени беа од Перез од Ред Бул. Ленс Строл беше одличен и дојде до 7мо место, Фернандо Алонсо освои 4 поени за своето 8мо место, додека нови поени донесе Расел со 9то место, а еден поен има и за Окон.

Даниел Рикардо го освои и поенот за најбрз круг, а беше и Возач на денот.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ