И Гросжан се сомнева во реалноста на Нетфликс

Роман Гросжан застана во редот на возачи кои изрази сомнеж во серијата ‘Drive to Survive’ на американски Нетфликс. Возачите ја поддржаа серијата и публицитетот кој таа го носи, но многумина не се задоволни од содржината во неа.

Во една сцена, Гунтер Стаинер, шефот на екипата, на шега му кажува на Роман Гросжан дека банкротирањето на газдата Џин Хаас зависи од тоа колку болиди ќе уништи тој во текот на сезоната.

не ми е грижа за тоа затоа што и јас се смеев и мислам дека е добро за фановите. тоа е начин да се отвори формула 1 за луѓе кои и не знаат многу за спортот – изјави гросжан за дански Ekstra Bladet.

Во моментот на интервјуто, Роман почнал да ја гледа сезоната, но ја немал изгледано до последната епизода.

пред се мислам дека квалитетот е фантастичен. звукот и сликата е она што ми се допаѓа. за луѓето кои не ја знаат формула 1 серијата е уникатно искуство за нешто што порано го немате глдано.

но, кога го знаете формула 1 светот од внатре знаете дека не е се покажано поради тоа што некои екипи биле поотворени од другите, но ми се допаѓа.

Во епизодата посветена на Хаас, Нетфликс го доловува хаосот зад сцената во малата американска екипа во текот на многу тешката 2019 година.

би сакал да биде прикажана повеќе од тешката работа на момците. се гледа ужасната ситуација во која бевме, но требаше да се долови и работата која се правеше за да излеземе од дупката. веројатно тоа не било дел од сцвенариото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ