И Лаваца ќе го спонзорира Вилијамс

Формула 1 тимот на Вилијамс откри дека претсојнава сезона ќе има уште еден новспонзор во името на славниот италијански производител на кае Лаваца (Lavazza).

Откако екипата потпиша договор со Николас Латифи за 2020 година, личните спонзори на канадкиот возач полека стануваат и спонзори н тимот. Младиот канаѓанец има доста лични спонзори поради тоа што е син на Мајкл Латифи, моќен канадски бизнисмен со широки врски низ светот

Логото на Лаваца ќе се појавува на ФВ43 болидот на Вилијамс како и на облеките на возачите и тимскиот персонал.

воодушевени сме што ќе продолжиме да го поддржуваме нашиот млад амбасадор и талент николас латифи во неговото патешествие наречено форула 1 со вилијамс. низ овие важни односи совршено се потенцира нашата меѓународна стратегија, а лаваца е во можност да развие препознатливост на брендот и италијанската култура во светот – појасни серџо краверо, одговорен за маркетинг во италијанската компанија.

Деновиве беше потврдено и дека Софина Фудс, компанијата од прехрамбената индустрија на Мајкл Латифи ќе го помага Вилијамс годинава, што значи дека само Royal Bank of Canada од личните сонзори на Латифи сеуште не потпишала со Вилијамс

Во меѓувреме тимот од Гроув ја загуби Рексона односно Унилевер кои беа втори најсилни спонзори на тимот, а и Тата Комјуникешнс, Омнитјуд и Симантек веќе не се партнери на екипата судејќи по веб- сајтот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ