И Мадрид сака Ф1 трка

Шпанската престолнина, кралскиот Мадрид, изрази интерес за организација на Формула 1 трка во иднина нудејќи фантастичен спортско-забавен спектакл.

Во моментов Шпанското Гранд При се одржува на автодромот Барселона – Каталуња крај каталонскиот главен град, а патеката има договор со спортот до крајот на 2026 година. Но, Мадрид се впуштија во борба со нив за Гранд При во иднина и лично го известиле шефот на серијата, Стефано Доменикали дека сакаат трка.

Енрике Лопез, Општински Министер во Мадрид, му правил писмо на Доменикали неделава за да искаже интерес за Формула 1 од страна на шпанската престолнина.

задоволство ми е да ви пишам од име на владата на општината мадрдид и да изразиме интерес за развој на формула 1 гранд при во мадрид. верува дека одржување на голем моторспорт настан во мадрид ќе биде еден од највозбудливите спортски феномени во наше време и ќе биде професионален и инситуционален успех на сите вклучени страни.

секако дека целиот регион и граѓаните би биле задоволни со тоа и поради тоа владата на општината мадрид има огромен интерес во овозможување на еден ваков проект.

накусо, сакам да ја потврдам нашата решителност за овој проект како и нашата желба да ги потпишеме сите соодветни договори за промоција на трката и да понудиме спортски и забавен спектакл. подготвени сме да работиме со екипата на формула 1 за да го донесеме спортот во мадрид – гласи писмото од шпанската престолнина.

Овој интерес на Мадрид доаѓа откако Формула 1 ги предупреди промотерите во Шпанија дека метежот и нередот во организација на годинешното Гранд При е неприфатлив, по промените кои се појавија за време на трката во Мај кога повеќе од 300 илјади гледачи се појавија на автодромот, а организацијата не беше соодветно подготвена за таков наплив на луѓе.

Мадрид девет пати организирал Формула 1 трка на Жарама патемата, а последна беше во 1981 година. Во моментов автодромот ги нема потребнтие безбедносни стандарди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ