И покрај жалбите од Шпанија, Ботас повторно со црната униформа

Валтери Ботас откри дека нема планирана промена на тркачката облека во тимот на Мерцедес и покрај тоа што по Шпанското Гранд При се жалеше дека му било претопло поради фактот што облеката на тимот оваа година е црна.

“Сребрените“ ја сменија својата традиционално препознатлива боја оваа година како дел од сезонското ребрендирање, а како поддршка за борбата против расизмот и нееднаквостите. Ботас по трката крај Барселона се пожали дека му било многу топло поради фактот што е докажано дека црната боја привлекува повеќе топлина и при тоа откри дека загубил 3 килограми во текот на трката.

Овогодинешната облека на возачите е согласно спецификација потврдена пред почетокот на сезоната и истата токму од причини да им биде поудобно на возачите е потенка од досегашната.

во шпанија беше многу топло во болидот. теоретски, како што кажав по трката, навистина не знам зошто беше така, дали поради материјалот или пак поради бојата, но беше навистина жешко. верувам дека облеката не е таква, но трката беше најтопла оваа година, а овој викенд не треба да биде така – изјави ботс на прес конфернцијата од белгија.

Пргнозата за Белгија покажува свежно време со температура од околу 20 степени целзиусови следните три денови, а за во Сабота и Недела можно е и дожд. Финецот во моментов заостанува 43 поени зад својот колега, а нема победено на трка од првата трка годинава во Австрија. Запрашан дали Спа е клучна во неговиот напад на титула, тој одговори:

секако. ако сакам да продолжам да се борам за титула тоа значи дека ќе морам да почнам да намалувам од предноста на луис. дури и макс е пред мене по освоени поени и морам прво да го престигнам него.

одам трка по трка, таков ми е пристапот секогаш. не е готово додека не заврши сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ