И покрај казната, Саинз ја поддржа одлуката на Ферари

Карлос Саинз изјави дека не би ја променил одлуката на Ферари да го добие новиот мотор и да биде казнет доколку е поконкурентен на Турското Гранд При. 

Откако Шарл Леклер доби казна за новиот мотор на Ферари и го користеше во Русија, на Саинз му дојде редот во Турција. Гледајќи ги времињата на Леклер, Саинз призна дека жали што не стигнал до подиум со толку конкурентно Ферари. 

Трката на Леклер беше уништена од ризикот да вози со еден сет на влажното време и тој мораше да се задоволи со трето место. Саинз трката ја заврши на осма позиција со четири секунди заостанување зад Ландо Норис.

Не би ја променил одлуката и мислам дека беше одлично време да добијам казна. без казната, со стариот мотор, може ќе бев понапред, но сезоната е долга и мора да мислиме на развојот и подобрувањето на перформансите. Оваа одлука беше коректна и ми даде шанса да се борам од крајот. Можев да престасувам и тоа е се благодарение на работата на сите во фабриката во Маранело – задоволен е шпанецот.

Ферари целат на голема надградба за наредната година, но сепак и ваквиот краткорочен развој на перфомансите им помага. 

Доколку го видиме Шарл кој беше блиску, може да разбереме дека со старата спецификација ќе беше поназад. 

На прашање дали новиот мотор на Ферари ќе им помогне во бробата со Мекларен, Саинз објасни дека борбата ќе продолжи до крај. 

Тешко прашање да ви одговорам. Доколку го видиме овој викенд, бевме побрзи од Мекларен, а На Сочи тие беа побрзи од нас.

Мислам дека ќе се бркаме до крајот на сезоната. Тоа ни го овозможува моторот и ни дава шанса да сме поблизу. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ