И покрај падот на гледаност, Ф1 ја поддржува платената телевизија

Иан Холмс, директорот за медиумски права на Формула 1, смета дека премногу едноставно е да се каже дека падот на телевизиската гледаност на тркачката серија се должи на носењето на преносите од бесплатните на платените телевизии.

Последниот извештај велеше дека само во Британија, преминот на спортот кон платениот Sky Sports донел пад на гледаноста од 8,6 милиони гледачи.

Угледниот Кристиан Слит, кој ја следи деловната страна на спортот, за британски Independent напиша дека зделките со платените телевизии носат финансиска корист за Либерти Медиа, но ги оттргнуваат гледачите од спортот.

Деновиве беше објавено дека спортот ја продолжува соработката со француски Canal+ во Франција, откако пред неколку денови Алан Прост откри дека падот на гледаност од 8 милиони гледачи на националната ТФ1 се намалил на само 750 илјади гледачи.

премногу е едноставно да се каже дека преминот кон платените преноси ја намалуваат гледаноста од спортот. пред се има многу комерцијални елементи кои треб да се разгледаат, ндврши холмс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ