И покрај пандемијата, Белгија со помала загуба од лани

Ковид-19 пандемијата им помогнала на сопствениците на Спа-Франкошамп да ја намалат својата загуба оваа фискална година.

Белгиската новинска агенција објави дека Белгиското Гранд При оваа година донело загуба од 1,5 милиони евра што е далеку помалку од 6те милиони евра загуба која е генерирана во 2019 година.

една од причините позади ова е што формула 1 помогна со трошоците за организација.

претоваравме со нив и се договоривме да организираме трка годинава, но потоа побаравме и да ни помогнат затоа што продажбата на билети беше единствен приход за нас, а на трката не смееше да има гледачи – откри ванееса маес, шефот на автодромот.

Следната година трката ќе се вози на 29 Август, последниот викенд од месецот.

веќе почнавме со продажба на влезниците на нашиот сајт, но и знаеме дека 60% од купените влезници за оваа година се одложени така што ќе важат и следната година, додека само 40% од оние кои купија карти си ги побараа парите назад.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ