И покрај проблемите, Тото верува дека Мерцедес има силен болид

Тото Волф вели дека верува оти концептот со кој е конструиран најновиот Мерцедес В13 носи перформанси и имаат брз болид и покрај тоа што имаат очаен почеток на сезоната.

“Сребрените стрели“ завршија на 5то и 6то место на инаогуралното Мајами Гранд При и беа 3та најбрза екипа на гридот, но далеку од двете најсилни екипи. Актуелните конструкторски прваци не се на ниво да предизвикаат за победа годинава главно поради тоа што имаат огромно потскокнување кое им губи перформанси.

На првите 5 трки кои се извозеа до сега, Мерцедес освоија само два подиуми, но Тото е сигурен дека нивниот В13 има огромен потенцијал доколку ги разберат проблемите, ги поправат и научат да го оптимизираат пакетот.

не сме многу чисти од почетокот, не сме добри. јасно е дека болидот има потенцијал и може да биде брз, но не разбираме како да го извадиме потенцијалот. болдиот е многу тежок за да се вози на самиот лимит, скока и гумите перформанси многу повеќе од останатите. анализа на податоците е многу долг и тежок процес, но и трае премногу долго – откри волф.

Тој посочи и дека проблем е негативниот фидбек кој возачите го даваат, но инженерите не може да го видат во податоците.

податоците не го покажуваат тоа што возачите го објаснуваат. секако дека тие имаат полни раце работа додека возат, но податоците не велат дека имаат големи проблеми. не сме биле во ваква ситуација претходно, имаме проблем со корелација и тоа е многу тешко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ