И Саинз се жали на 10та кривина

Карлос Саинз откри дека имал проблеми во новиот свиок број 10, бидејќи се квалификувал шести на неговата домашна трка за Големата награда на Шпанија.

Возејќи за Ферари за прв пат на домашната патеката во Каталонија, 26-годишниот возач се претстави со солидни квалификации, за да биде само 0,110 секунди и две позиции зад неговиот тимски колега, Шарл Леклер.

Но, додека првите тројца беа далеку од дофат и Валтери Ботас со значителни 0,637 секунди пред Леклер, Саинз смета дека можел да биде најдобар од останатите без неколку грешки, вклучително и една на дел од патеката која е редизајнирана од трката во 2020 година минатиот Август.

Не направив совршен круг во К3, тоа е сигурно.

Имавме два сета на гуми за да се обидеме да одиме побрзо и со првиот сет беше навистина добар круг до шиканата, каде што направив грешка за неколку десетинки.

И со вториот сет исто така, беше доста добар круг до свиокот 7 и свиокот 10 каде изгубив доста време. Значи, имаме неколку работи што треба да ги анализираме таму.

Но, јас се мачам од почетокот на викендот на свиокот 10, каде не го чувствувам предниот дел на болидот навистина добро и губам многу време во тој свиок.

Но, генерално, јас бев силен. Имав К1 и К2 кои беа навистина добри и јас сум навистина блиску.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ