И Хил огорчен по случувањата на Сузука

Формула 1 првакот од 1996 година, Дејмон Хил, изрази шок и разочарување во врска со случувањата од Јапонското Гранд При кога кран се појави на патеката да отстрани засанат болид во тешки услови и слаба видливост иако се возеше зад безбдносно возило.

Инцидентот мина со критики буквално од сите страни и фанови откако сликите дека кран од 12 тони се појавува на патеката ги шокираа сите. Нема кој не се потсети на трагичната трка во 2014 година кога при слични услови зад безбедносно возило, од патеката излета Жул Бјанки, забивајќи се во кранот и здобивајќи се со тешки повреди на главата од кои почина девет месеци подоцна.

она што го видовме беше шок, кошмар, се сеќаваме на таа 2014 година кога жул бјанки имаше несреќа која на крајот ја плати со животот. следуваа многу дискусии околу процедурите кои треба да се следат и се согласивме дека никогаш не смее д има механизација на патеката додека се движат болидите.

пјер гасли буквално мина до кранот на патеката и тоа со голема брзина, кошмар. ако болидот удри во нешто или загуби контрола, имаше и маршал на асфалтот кој можеше лесно да настрада. од безбедносна гледна точка, пјер гасли беше шокиран и нормално и со право беше бесен – посочи хил.

озачите беа гневни по крајот на трката и посочија дека ги предупредиле официјалниет лица за користење механизација на патеката за време на дождлива трка со слаба безбедност и сето тоа за време на Сингапурското Гранд При седум дека пред Сузука.

ако се присетите на историјата на трките во јапонија, често има маршали на патеката кои могу храбро се обидуваат да поместат застанати болиди. мислам дека некогаш има проблем во комуникацијата со контролата на трка, но тоа е традиција во јапонија која мора да престане.

знам дека детално ќе биде анализиран овој проблем и ќе се најде решение за никогаш повее да не видиме механизација на патекеката додека возат болидите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ