Каде исчезна предноста на Алфа Ромео ?

Алфа Ромео имаа силен почеток на сезоната, но како течеше истата, нивната предност се изгуби. 

Во текот на сезоната, тимовите носеа повеќе надградби додека Алфа Ромео заостануваа. Со новите технички правила, тежината на болидите се зголеми, а на почетокот, Алфа Ромео беше единствениот тим кој беше под лимитот. 

Тоа им дозволи на Ботас и Жу да стигнат до поени, но подоцна перформансите се загубија. Инженерот за трки на Алфа Ромео, Хеви Пујолар ја објасни причината. 

Мислам дека некои тимови донесоа повеќе надградби и ја намалија тежината на болидите. Од наша страна, бевме среќни на почетокот на сезоната бидејќи се боревме во средниот ред и на моменти со топ тимовите. Бевме силни поради предноста со тежината, Но подоцна ја загубивме предноста. 

Пујолар смета дека ќе напредуваат во вториот дел бидејќи Ботас и Жу ќе имаат надградени болиди. 

Во последните трки конкурентите донесоа надградби. Ние ја чекавме надградбата, а На следната трка ќе ја имаме на двата болиди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ