Казна на стартот за Ландо поради непочитување на жолто знаме

Ландо Норис имаше одлично издание на Австриското Гранд При кое ја отвори сезоната и стигна до подиум и најбрз круг на трката, но Штаерското Гранд При не почна добро за него.

Младиот британец доби казна од три позиции на стартот од трката поради тоа што претекнувал под истакнато жолто знаме за време на првата петочна тренинг сесија. Стјуардите го обвинија Норис дека го претекнал Пјер Гасли од Алга Таури додека биле развеани жолтите знамиња поради откажувањето на Николас Латифи откако моторот на канаѓанецот загуби сила.

Заедно со трите позиции назад на стартот, тој добива и два казнени поени на својата супер лиценц што значи дека ќе му биде навистина тешко да го повтори минатонеделниот успех.

Казната за возачот на Мекларен е добра вест за останатите возачи од врвот на средината од поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ