Казни и Протокол за возачи

Спортска Регулатива

Постојат строги правила насочени кон однесувањето на патеката и стјуардите имаат моќ да доделат различни казни кон возачот кој го напрравил прекршокот за време на трка или во тренинг сесија.

Прекршоците вклучуваат: преран старт на трката, предизвикување на судар кој можел да се избегне, некоректно блокирање на друг возач, блокирање на друг болид додека заобиколува за цел круг, како и пребрзо возење низ боксовите.

Дополнително, возачите се обврзани да направат секаков можен обид да ја користат патеката и не смеат намерно да ја напуштат истата без оправдана причина.

Повеќе од една промена на правец на движење за одбрана на позицијата не е дозволено. Доколку возачот се помести од тркачката линија додека ја брани својата позиција, може да се вратат назад но мора да остават доволно простор за за другиот болид помеѓу себе и ивицата на патеката.

Доколку ситуацијата не е целосно јасна за стјуардите дали возачот може целосно да се обвини, во тој случај казна не следува.

Најчести казни кои ги доделуваат стјуардите се поминување низ бокс, временска казна од 5 секунди, како и временска казна од 10 секунди.

При казна од поминување низ бокс, возачот мора да влезе во боксовите и да помине долж сите боксови пред да се врати на патеката. Во однос на временските казни, тие мора да влезат во својот бокс и да стојат во место 5 или 10 секунди пред да се вратат на патеката.

Постојат 2 верзии на временската казна од 10 секунди. Едната е задолжителна, што значи мора да се одслужи без исклучок. Другата му дозволува на возачот да ја заврши трката и да ги одслужи 10те секунди, само доколку претходно не влезат во бокс.

На возачите исто така им е дозволено да не влегуваат во бокс за казната од 5 секунди, само доколку не влезат во бокс пред крајот на трката. Во овој случај, 5 секунди ќе бидат додадени на нивното време.

Во случај на сите три казни, возачот мора да ги одслужи во рамки од 3 кругови откако тимот ќе го извести. Доколку не влезе во бокс, тоа може да резултира со црно знаме и да биде дисквалификуван од трката.

Доколку казната е доделена во последните 3 кругови од трката, на возачот му е дозволено да ја заврши трката, а притоа да се додаде временската казна на неговото севкупно време. За поминување во бокс, временската алтернатива е 20 секунди, а за казна од влегување и застанување во бокс (stop-and-go) алтернативата е 30 секунди.

Во екстремни случаи стјуардите може да доделат построги казни. Возачот може да добие грид казни по нивен избор за следната трка, да воведат временски казни, да го опоменат возачот, да го дисквалификуваат од трката или да го суспендираат за наредната трка.

Секој возач кој ќе биде опоменет 3 пати во една сезона, автоматски добива грид казна од 10 места за моменталната или наредната трка, но само доколку 2 од тие се поради возачки прекршоци.

Стјуардите исто така може да доделат и казнени поени на суперлиценцата на возачот. Доколку возачот собере 12 казнени поени во период од 12 месеци, неговата суперлиценца ќе биде суспендирана за една трка.

Покрај доделување на казни за возачите, стјуардите исто така може да доделат казни и за технички прекршоци или пак кога возачот ќе искористи повеќе од дозволените елементи во агрегатот и менувачката кутија.

За секоја непланирана промена на менувачката кутија, возачот добива казна од 5 грид места.

На возачот му е дозволено да користи ограничен број на агрегатни елементи во текот на една сезона, од кои постојат 6 врсти: мотор со внатрешно согорување (ICE), систем за кинетичка енергија (МГУ-К), систем за топлинска енергија (МГУ-Х), систем за складирање на енергија (ЕС), турбополнач (ТЦ) и електронска контрола (ЦЕ).

Првиот пат кога возачот ќе искористи дополнителен елемент над дозволениот број, казна од 10 грид места ќе биде доделена. Доколку потоа искористи дополнителни елементи, казна од 5 грид места ќе биде доделена. Користење на дополнителни елементи ќе следува со уште една казна од 10 грид места.

За време на една трка, ако кај возачот се искористи повеќе од еден елемент, тоа ќе добие грид казна и само доколку последниот елемент може да се користи на следните настани без дополнителни казни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ