Како Леклер се справува со разочарувањата

Трките во Шпанија и во Монако се покажаа како доста тешки за Шарл Леклер откако едната трка не ја заврши, а на другата беше погрешена стратегијата.

Матиа Биното објасни како Леклер и Ферари се справуваат со разочарувањето пред трката во Азербејџан. Леклер ќе победеше во Шпанија но мораше предвреме да ја заврши трката. Една недела подоцна во Монако тимот ја погреши стратегијата и тој остана без одличен резултат.

Неговото разочарување е разочарување и за нас. Сите сме разочарани, но мора да мислиме позитивно за тимот. Треба да учиме од грешките. Имавме состаноци за да одлучиме како ќе продолжиме.

Биното смета дека стратегијата во Монако била тешка одлука.

Тоа не беше вообичаена одлука. Не може да се обвини тимот бидејќи учиме од тоа и сакаме да се бориме напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ