Како новата алокација на гуми во Имола може да понуди подобро тркање ?

Тестот на Формула 1 на нова алокација на пневматици викендов во Имола доведе до голема интрига како тоа ќе влијае над квалификациите.

Со оглед на тоа што возачите се принудени да користат хард соединенија во К1, медиум во К2 и софт во К3 при трите квалификациски сесии во Сабота, наместо да имаат целосно слободен избор, тоа би можело да послужи за раздвижување на работите во однос на борбата за позициите на гридот. Сепак, можеби најголемото влијание на начинот на кој функционира новиот експеримент со гуми може да се почувствува во Недела, бидејќи може да произведе интересна опција за да се направи трката повозбудлива.

Во сезона кога спектаклот страда од предвидливи стратегии со едно застанување, пробата всушност може да помогне да се отвори вратата за две останување во иднина. Причините поради кои трките не беа толку добри оваа година како што беа во минатото се широки и разновидни, а не постои само еден фактор што го предизвикал тоа.

Зголеменото струење на воздух зад болидите, зголемувањето на потисната сила што се генерира, поголемите тешкотии при претекнувањето и пократките ДРС зони, плус претпочитањето за трки со едно застанување, сето тоа предизвика совршена бура во сезона каде што еден тим е целосно доминантен.

Со дизајните на болидите, единствената варијабилност во текот на сезоната што може да ги размрда работите од сега па натаму се изборот на соединенија на гумите на Пирели, бидејќи колку е помека гумата, толку повеќе има шанси за трки со повеќе застанувања. Сепак, Пирели, исто така, мора да бидат внимателни да не ги туркаат работите премногу екстремно и да не ги претворат трките во три или четири застанувања, кои подеднакво може да бидат непопуларни бидејќи на крајот стануваат хаотични и кои ќе бидат доста тешки за фановите да ги следат.

Исто така, гумите кои пребрзо се деградираат се покажуваат како непопуларни кај возачите и тимовите бидејќи ги принудуваат да возат премногу нежно, наместо да чувствуваат дека можат силно да притискаат на поконзистентна гума. Она што отсекогаш било тешко, сепак, е туркање на тимовите кон стратегија со две застанувања наместо автоматско фаворизирање на едно застанување.

Загубата на време во боксот, ризиците од паѓање во метежот кога претекнувањето е тешко и немањето доволно соодветни соединенија на располагање, се сите фактори кои придонесуваат тимовите да тргнат по конзервативната рута.

Шефот за автомобилски трки на Пирели, Марио Исола, вели дека претворањето на трките во стратегии со две застанувања оди многу подалеку од само да се направат гумите повеќе да се деградираат.

Она што го научивме во претходните години е дека ако одиме премногу нежно или премногу агресивно, постои општа тенденција да се управува со темпото за да се има трка со едно застанување – вели Исола.

Но, еден важен елемент е колку е тешко да се претекнат. Можете да го преземете ризикот да се вратите во сообраќајот ако знаете дека можете да претекнете. Но, ако не можете да претекнете, тогаш не ризикувате, останувате напред и ја заштитувате позицијата.

Значи, верувам дека само со гледање на промена на гумите, нема да бидеме во позиција да го најдеме соодветното решение и ќе продолжиме да одиме во круг со поголема деградација, потоа помала деградација, потоа поголема деградација, а потоа помала деградација. Тоа никого не прави среќен.

Еден предлог што се појави во обид да се поттикнат повеќе трки со две застанувања е да се направат задолжителни.

Така, како што едно застанување сега е минимум затоа што возачите треба да користат два различни типа на соединенија на гуми, така и трката со две застанувања може да им се наметне на тимовите со тоа што ќе ги натераат да возат на софт, медиум и хард гума во трката.

Ова теоретски треба да ја истакне можноста за разновидност на стратегии, бидејќи тимовите би морале да го изберат вистинскиот момент да возат на гумата што не е добра за трката, или на софт затоа што толку многу се деградира, или на хард затоа што не е конкурентен.

Но, Исола негира дека ова може да функционира. Тој вели дека дискусиите за наметнување на ова правило се одвивале во минатото и заклучил дека нема да успее да даде подобро шоу со поголема разновидност.

Направивме некои анализи за тоа заедно со спортските директори пред многу години. Завршивме со заклучокот дека колку повеќе правите нови ограничувања, толку повеќе тимови ќе дојдат до истата стратегија.

Значи, ако им дадете ограничување да ги користат сите три соединенија, веројатно на почетокот тие ќе имаат различни стратегии, бидејќи треба да се прилагодат на новата ситуација.

Но, на крајот, тие ќе го изберат истото. Значи, ќе имаме исти времиња на пит-стоп, исти избори и така натаму. Мора да го прифатиме тоа.

Клучно е, вели Исола, да се нуди природна селекција каде што тимовите не се принудени да поминат низ одреден број на застанувања, туку да имаат опција за стратегија каде што има смисла да се биде поагресивен на чиста натпреварувачка основа. Двојно застанување треба да биде најмалку еднакво на едно застанување на стоперката.

Можеме да се обидеме да поттикнеме различни стратегии, но на крајот има една што е најбрза – додаде Исола.

Токму оваа можност на тимовите да им се даде алтернативен пат до финишот е она што би можело да произлезе од новата распределба на пневматиците што за прв пат ќе се испроба во Имола.

Испитувањето на Имола се одржува за да им помогне на Ф1 и снабдувачот на пневматици Пирели подобро да го разберат влијанието на поодржливиот пристап кон Ф1 викендите, со цел да бидат помалку залудно потрошени сетови во Недела.

Нормалната распределба на 13 сетови по тркачки викенд се намалува на 11, со јасна промена во бројот на секое соединение на располагање.

За време на вообичаените викенди, 13те серии се поделени на 8 софт, 3 медиум и 2 хард компоненти. За пробата во Имола и другите места каде што ќе се одржи експериментот, 11те сета се поделени на 4 меки, 4 медиум и 3 тврди.

Присилувањето на возачите да користат хард во К1 и медиумот во К2 ќе значи многу поинаков пристап кон квалификациите, но последицата може да се види повеќе на неделната трка.

Тоа е затоа што начинот на кој се распоредени пневматиците за време на викендот значи дека возачите сега треба да завршат во трката со најмалку 2 сета хард и 2 сета медиум.

Досега, почесто отколку не, возачите завршуваат со еден медиум и еден хард сет за трката.

Тоа значеше дека, со медиум кој е ретко доволно добар за време на трка, тимовите автоматски се туркаат кон конзервативна стратегија со едно застанување која ретко обезбедува одлична забава.

Промената во распределбата за Имола, и фактот дека треба да има најмалку два комплети хард и медиум на располагање, му овозможи на Пирели да биде поагресивен со изборот на пневматици за викендот во Имола.

За овогодинешниот ГП на Емилија Ромања, Пирели се одлучи да оди со чекор помеки соединенија од минатата година, откако ја избра најмеката распределба што може.

Треба да најдеме начин да не завршиме на трката со еден сет на медиум и еден сет на хард, бидејќи тимовите ги чуваат сите софт за квалификациите и тие се бескорисни за трката. Така, благодарение на овој пристап со нова распределба, решивме да се движиме со еден чекор помеки соединенија во Имола.

Оригиналната распределба беше К2, К3 и К4, но сега е К3, К4 и К5. Со алтернативната распределба на пневматиците, сите тимови ќе имаат по два сета хард, два сета медиум и две сета софт за трката.

Значи, можеме да одиме чекор помеки, па дури и ако тоа го зголеми бројот на застанувања, тие имаат доволно гуми.

Со сегашниот систем, не сакам да кажам дека е ризичен, затоа што само треба да направат повеќе пит-стопови, но ако на трката дојдат само со еден сет на хард, еден сет на медиум и сите останати софт, не е идеално за трката. Тогаш имаме ситуација која не е природна и не е она што ние сакаме – вели Исола.

Тешко е да се предвиди како ќе се одвиве се во Имола, а сепак пробата може да биде бескорисна поради лошите временски услови кои ќе влијаат на изборот на гуми.

Но, Исола мисли дека Ф1 е на вистинскиот пат да дозволи да се одржат такви тестови за секој подобро да разбере што функционира, а што не.

И дури и ако Имола нема трка со две застанувања, другиот настан што ќе има слични распределби подоцна во годината (потенцијално Унгарското ГП) треба да помогне да се обезбеди појасна слика.

Ако работите функционираат, ги задржуваме, ако не функционира, се враќаме на претходното. Пристапот е вистинскиот затоа што за жал, дури и ако се обидете да предвидите кој било можен детал, секогаш постои нешто што не е предвидливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ