Како откажаната Имола му помогна на Гасли ?

Гранд При трката на Емилија Ромања, која патем се откажа поради невреме, ќе беше последна на која Пјер Гасли требаше да биде под голем притисок поради казнените поени затоа што веќе на следниот настан тој има 2 казнени поени избришани од својата супер лиценца.

Сите реки во областа Емилија Ромања се излеале од своето корито, во среда непрекинато врнеше дожд цели 36 часа со огромен интензитет, поплавите се насекаде, а откажувањето му оди во прилг на Гасли.

Французинот има 10 казнени поени на својата супер лиценца уште од Октовмри лани по Мексиканското Гранд При, така што следните два ќе му донесеа “ладење“ на една трка, односно пауза. Азербејџан и Мајами беа две последователни трки пред Имола и двете беа тесни градски патеки со ограта блиску до болидите, така што грешка и казна можеше лесно да се случи. Дополнително, низ Баку имаше и спринт трка и повеќе шанса за некаква глупост.

Првите од 10те поени на лиценцата тој ги доби во Барселона за врме на Шпанското Гранд При лани како возач на АлфаТаури, така што лесно можеше да дојде до суспензија, а Емилија Ромања беше последна трка на која тој требаше а се појави со таков број на поени.

На 22 Мај ќе му бидат одземени 2 поени, така што може полесно да дише, а на 10 Јули му истекува важноста уште на 3 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ