Како што најавивме, Моерс стана шеф на Астон

Астон Мартин официјално објавија дека Тобиас Моерс, досегашниот Претседател на АМГ спортскиот оддел на Мерцедес, ќе биде поставен за Главен извршен директор на компанијата.

Моерс ќе стапи на своето ново работно место од првиот ден во месец Август, а неговото доаѓање е дел од промената на менаџерската структура во компанијата која ја најави Лоренс Строл штом купи голем удел во производителот на луксузни спортски автомобили.

Енди Палмер, досегашниот Главен извршен директор на компанијата, ја напушта својата функција веднаш, а до доаѓањето на Моерс него ќе го менува досегашниот Потпретседател Кит Стантон.

Стол верува дека Моерс, кој изградил силна репутација како одличен менаџер, многу ќе го засили Астон Мартин и ќе ја подобри компанијата.

тој е многу талентиран професионалец од автомобилската индустрија и докажан бизнис лидер со сини препораки од годинит еминати во даимплер со кои имал долгогодишна успешна техничка и комерцијлна соработка, нешто на што се надеваме и ние.

во текот на својата кариера тој испорача зголемување на моделите, засилување на позицијаа на брендот и подобрување на профитабилноста. тој е вистински лидер за астон мартин во екот на имплементација на нашата деловна стратегија за остварување на потенцијалот.

нашата амбиција за компанијата е значителна и јасна и не е мерена само по нашата желба да успееме – велат од астон мартин.

Следната сезона Рејсинг Поинт ќе прерасне во фабричка екипа на Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ