Календарот во 2020 би можел да продолжи и во 2021

Поради пандемијата од Корона вирусот, првите осум трки во Формула 1 беа откажани и одложени.

Дополнителни трки можеби ќе бидат во иста позиција во следните неколку недели доколку ситуацијата не се подобри. За ФИА и ФОМ ќе биде многу тешка задача да креираат нов календар.

Од осумте трки кои нема да одржат, според Racefant.net шест земји домаќини сеуште сакаат да организираат трка во 2020 година. Монако нема да одржи поради логистика, додека Австралија, Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија и Баку и уште еден организатор се очекува да не бидат дел од календар.

Сезона која ќе трае до Јануари 2021 година како опција не е исклучена, а се размислува и опцијата за викенд од 2 дена. Исто така постои можност и предсезонскиот тест во 2021 година да биде откажан. До средината на Јуни 2020 година ќе бидеме во неизвесности останува да се види дали ќе се одржи Канадското Гранд При.

Чејс Кери веќе ги предупреди фановите. Распоредот на трките не е сеуште јавно достапен и би можел да се промени целосно, во обид да се има репрезентативен календар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ