Калениус потврди: Возачите остануваат

Главниот извршен директор на Даимплер, Ола Калениус, демантираше доаѓање на германецот Себастијан Фетел во неговта Формула 1 екипа.

Во ист време, тој потврди дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас остануваат во екипата и ќе потпишат нови договори согласно кои ќе возат во Мерцедес и во 2021 година.

остануваме со истите двајца возачи – потврди калениус за Sky Deutschland директно од падокот во Австрија.

Запрашан да ги прокоментира гласините за евентуалното доаѓање на Себастијан Фетел, дополни:

разбирам зошто таквата помисла е многу возбудлива во моментов осовбено за германските фанови, но и во луис и валтери веќе имаме двајца врвни возачи кои возат на највисоко ниво.

видовме дека валтери освои пол позиција на првата трка со фантастичен круг и остануваме со истиот тандем и следната година.

Фетел беше катастрофално лош на првата трка, одработе квалификации кои ги заврши во К2 со 11то време, а на трката едвај успеа да освои еден поен во ситуација во која дури 9 возачи не ја завршија трката. Шампионот од 2016 година, Нико Розберг, беше критички настроен кон својот сонародник по инцидентот со Карлос Саинз.

тоа беше аматерски лоша проценка на ситуацијата и такви грешки прави повторно и повторно. исто така многу ме чуди и начинот на кој се теши, вели дека ферари се најмногу 6ти или 7ми, а неговиот колега освојува подиум со втото место – објасни розберг за RTL.

И Ралф Шумахер е вчудоневиден од глупостите на Себастијан:

не знам што се случува со себастијан. тоа е нешто што треба да му се случува на млад и неискусен возач, а не на четирикратен првак.

Присуството на Калениус во Ред Бул Ринг падокот е поврзано со состаноци со Чејс Кери и Жан Тод со единствена тема, новиот Конкорд договор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ