Камилиери: Годинава ќе трошиме повеќе

Главниот извршен директор на Ферари, Луис Камилиери, откри дека компанијата е подготвена да потроши повеќе оваа сезона во пресрет на големата промена на правилата која следи од 2021 година.

Либерти Медиа се обидува да го ограничи трошењето, особено кај врвната тројка, за што воведе буџетско ограничување од следната година. Но, Камилиери појасни дека тие годианва повеќе ќе инвестираат за да следната година бидат согласно правилата.

годинава ќе биде критична. наша амбицција како и секогаш е да победиме и поради тоа ќе продолжиме да инестираме во инфраструктура, ресурси и технологии како што одминува годинава и како што го развиваме тековниот болид – изјави камилиери за италијанска La Gazzetta dello Sport.

Зголеменото трошење на врвните екипи е се поизвесно затоа што истите сакаат да бидат колку што можат подобро подготвени за следната сезона кога буџетот ќе биде ограничен на 175 милиони долари.

новите технички правила стапуваат на сила во 2021 година и истите ќе бараат развој на многу различен болид, што ќе бара многу ресурси и пари. поради тоа инвестициите годинава ќе раснат силно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ