Камилиери: Серијата на Нетфликс ја промени Ф1

Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери, ја пофали визијата која американците од Либерти Медиа ја донесоа во Формула 1, пти тоа сметајќи дека серијата на Нефликс донела дополнително и значително подобрување на имиџот на спортот.

За разлика од Серџо Маркионе кој не беше никогаш цеосно задоволен од визијата на сопствениците на спортот, Камилиери е задоволен од пристапот на американските медиумски џинови. Луис смета дека токму серијата на Нетфликс го популаризирала спортот затоа што им понудила на фановите нешто што никогаш не било покажано.

од аспект на либерти како американска компанија тие завршија одлична работа и имаат нагорна траекторија на учење на бизнисот. многу се подобруват благодарение на некои одлични потези.

еден пример е нетфликс. многу луѓе немаа никаков интерес за формула 1, но како резултат на серијата дознаа многу за спортот и тоа е одлично. сигурен сум дека комерцијалниот аспект на серијата е огромен, а човечкиот аспект како и имиџот уште поголем. пред 30 години човекиот елемент беше многу побитен, нешто што се намалува од скоро.

со буџетското ограничување и новите технички правила се надевам дека возачите ќе се вратат во центарот на се. младите генерации сакаат автентичност и човечки елемент – изјави камилиери.

Ферари, заедно со Мерцедес, не учествуваат во првата сезона од серијата на Нетфликс, но во втората сезона двете најсилни екипи во спортот го потврдија учеството и дадоа пристап на Нетфликс во текот на тркакиот викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ